Градоначалникот на Oпштина Боговиње, г. Албон Џемаили реализираше средба со претставниците на здружението “Синатa Птица“, ова здружение се грижи за деца со посебни потреби.
Општина Боговиње заедно со здружението “Синатa Птица“ веќе неколку пати организирале средби со родителите на децата со посебни потреби и направени се дискусии во врска со проблемите со кои тие се соочуваат.
Во денешната средба, главно се дискутираше за можностите за изградба на дневен центар за деца со посебни потреби во Oпштина Боговиње.