Општина Боговиње во соработка со граѓаните на населеното место Камењане дојде до завршувањето на изградбата на паралелните патишта т.н. “ Oџа Сеад Ајрули “ со површина 1200 метри квадратни.
Продолжуваме со изградбите во следните проекти за подобрување на нивото на инфраструктурата во територија на Oпштина Боговиње.
Градоначалникот на Општина Боговиње, г. Албон Џемаили имаше состанок со експерти од Швајцарскиот Секретаријат за економски прашања“SECO” и со претставници на Центарот за развој на Полошкиот регион.
На состанокот се разговараше за почетокот на спроведувањето на итни мерки за рехабилитација на депонијата “Русино”. Исто така, оваа средба е насочена кон започнување на првите работи како дел од капитална инвестиција за решавање на проблемот со урбаниот отпад за целиот Полошки регион.
Проектот “Да учиме за филмот”се реализираше во училиштата на село Пирок и Камењане, каде присутни беа и директорите на училиштата како и некои наставници.
Проектот “Да учиме за филмот”се реализира од страна на ХКЗ “Вистина”- Боговиње, поддржан од Министерството за Култура. Им се заблагодаруваме на Министерството за Култура за подршката, универзитетскиот професор Сенад Абдули, актерот Елмир Сејфулаи и Хамиде Сејфулаи за нивната посветеност како и училишните директори без кои немаше да се реализира овој проект.
Во о.у. “Абдул Фрашери”- Боговиње и во о.у. “Лириа”- Жеровјане се реализираше проектот “Да учиме за филмот” реализиран од ХКЗ “Вистина”- Боговиње и финансиски поддржан од Министерството за Култура.
Им се заблагодаруваме на актерите проф. Сенат Абдули и Елмир Сејфулаи, кои беа предавачи во овој проект. Во наредните денови, проектот ќе се спроведува и во други училишта.
Почитувани граѓани на Општина Боговиње,
Во мое лично име ви ја искажувам искрената благодарност и благодарноста до сите граѓани кои учествуваа на гласањето на вчерашниот ден на референдумот. Со излагање на 43.77% на гласачи докажавме дека сме најуспешна општина, надевајќи се и верувајќи за подобра иднина за сите нас.
Со почит,
Албон Џемаили
Општина Боговиње денеска започна со отварање на патот во село Чифлик, кое ќе овозможи поврзување со селото Чифлик. Ова ќе биде интервенција на првата фаза, а потоа ќе се направат предвидувања за другите фази со цел да се зголемат условите за живеење во оваа населено место.
Со оваа интервенција се реализира раното барање на оваа населено место кое беше ветувано од страна на градоначалникот Албон Џемаили.