На 29.10.2018, Oпштина Боговиње започна со работите на изградбата на спортскиот терен во село Калник, со површина од 1000 m2 (25m × 40m), финансирана од буџетот на Oпштина Боговиње, една од дадените ветувања од страна на градоначалникот на општината, г. Албон Џемаили.
Со овој проект ќе се овозможи подигнување на нивото на спортската култура во рамките на училиштето и младите во ова населено место. Ве уверуваме дека ќе продолжиме и со други проекти и во другите населени места.