Продолжуваат работите во основните училишта на Општина Боговиње

Во рамките на проектот за енергетска ефикасност, денес започнаа работите за фасада и изолација на фасадата со стиропор 10 см во основното училиште „Лирија“, Жеровјане.

Исто така, завршија работите за изолација на покривот и таваните на основното училиште „Абдил Фрашери“, Боговиње. Овој проект беше реализиран во соработка со УНДП, во рамките на проектот за енергетска ефикасност.

Општина Боговиње продолжува со работи за подобрување на инфраструктурата

Општина Боговиње, за подобрување на инфраструктурното ниво, ги започна работите во центарот на населеното место Пирок, што служи и како локација за стационирање на комбињата од линијата Тетово – Пирок и Пирок – Гостивар.

Во исто време, се работи и на реконструкција на тротоарот, што ќе им овозможува на граѓаните поефикасно движење во ова населено место.

 

Изолација на покривот на основното училиште ”Абдил Фрашери“

Во рамките на проектот за енергетска ефикасност, во соработка со УНДП, започнаа работите за изолација на покривот и таваните на основното училиште „Абдил Фрашери“.

Општина Боговиње ќе продолжи со разни инвестиции во училиштата во населените места, секогаш со цел да се обезбедат подобри услови за учениците во текот на образовниот процес.

Продолжуваат работите за уредување на училишниот двор и за адаптација на градинката

По проектот за инсталација на парно греење во основното училиште „Сабедин Бајрами“ во Горно Седларце, продолжуваат работите за уредување на дворот на истиот. Главниот приоритет на Општина Боговиње е подобрување на училишната инфраструктура, со цел на учениците да им се овозможат подобри услови за време на образовниот процес.

Исто така, продолжуваат работите за адаптација на градинката, кои стигнаа до завршна фаза. Преку проектот за адаптација на градинката, Општина Боговиње ќе им овозможи на децата да имаат посовремена нега, квалитетни услови и безбедно опкружување.

Општина Боговиње е опремена со нов камион

Општина Боговиње е опремена со нов камион, коj ќе се искористува за општински услуги од јавното претпријатие „Шари“.

Камионот е обезбеден преку Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП 2) што го спроведува Министерството за финансии со поддршка од Светската банка.

Општина Боговиње ќе се труди да ги подобри условите за граѓаните во сите области, а еколошки здравото и чисто опкружување е предуслов за подобрување на квалитетот на животот и економскиот развој на општината.

Акцијата за чистење и проширување на патот во Палчиште продолжува

Акцијата за чистење и проширување на патот до нивите во Палчиште продолжува.

Општина Боговиње постојано работи на подобрување на квалитетот на услугите до граѓаните на оваа Општина, овозможувајќи им да можат поефикасно да се движат по улиците на населените места и чиста животна средина.

Дистрибуција на хуманитарна помош во Општина Боговиње

На 03.04.2020 година, Општина Боговиње започна со дистрибуција на хуманитарна помош (пакети со храна) донирана од Добротворната Асоцијација „Сирачиња на Балканот“, при што првично ги избра најпотребните семејства за основни производи.

Градоначалникот на Општина Боговиње изразува благодарност до Добротворната асоцијација и сите нејзини донатори.

Општина Боговиње формира мобилен тим како мерка на претпазливост против ширењето на COVID – 19

Со оглед на тоа што вирусот COVID – 19 претставува поголем ризик за стари лица, Општина Боговиње презеде мерки на претпазливост да не ги изложува на овој ризик.

Општината формираше мобилен тим кој ќе им биде достапен на сите постари лица над 60 години, кои се во лоша здравствена состојба. Тие ќе можат да се јават на 071329604 во случај на различни потреби, вклучително и храна и лекови.

 

Градоначалникот на Општината на состанок со претставниците на УНДП

На 10.03.2020 година, градоначалникот на Општина Боговиње одржа состанок со претставниците на УНДП, каде главна тема беше објавувањето на повикот за избор на домаќинства кои ќе бидат поддржани за воведување мерки за енергетска ефикасност.

Целите на повикот ќе бидат мерките за енергетска ефикасност кои ќе дадат поповолни резултати во однос на економските, енергетските и еколошките критериуми, а со тоа ќе се намали загадувањето на воздухот.