Oтворена канцеларијата за социјална работа во Општина Боговиње

Во Општина Боговиње отворена е канцеларијата за социјална работа во рамките на Министерството за труд и социјална политика.

Оваа канцеларија ќе обезбеди социјални информации, услуги и ќе обезбеди грижа за сите социјални категории, подобрување или олеснување на животот на граѓаните на Општина Боговиње.

Доставување на техничка документација за изградба на локални патишта од MSIP

Денес, градоначалникот на Општина Боговиње беше присутен во просториите на Министерството за Финансии при официјалното потпишување на техничката документација за изградба на локални патишта.

Оваа документација е подготвена од Проектот за подобрување на општинските услуги (MSIP) и финансиран од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска Банка).

Градоначалникот на Општината го презентираше работниот извештај на граѓаните

На 26.12.2019 година, во салата на Општинскиот Совет во Камењане се одржа состанокот на градоначалникот г. Аљбон Џемаили со граѓаните на Општина Боговиње, каде го презентираше работниот извештај за 2019 година.

Граѓаните имаа можност подетално да бидат информирани за проектите спроведени годинава, почнувајќи од проекти за подобрување на патната инфраструктура, разни инвестиции во основните училишта на Општина Боговиње, изградба на Домот на Култура, адаптација на градинката, подобрување на комуналните услуги на ЈКП „Шарри“, создавање на нови административни простори, јавно осветлување во сите населени места, проект за водоснабдување во Пирок, чистење на дивата депонија во Камењане итн. Инвестицијата во 2019 година помина во вредност од над 2 милиони евра инвестиција. Градоначалникот им вети на присутните дека ќе има и нови инвестиции, а во 2020 година се очекува да го надминат износот на инвестиции направени годинава.

Предлог буџетот за 2020 година го претстави Бесир Мифтари, со очекувања за подобрување на состојбата на административните објекти, помош на ЈКП „Шарри“ за набавка со машини, регулирање на системите за вода за пиење, продолжување на работите на Домот на Културата, изготвување на техничка документација и реконструкција на локални патишта.

 

Младинскиот Совет на Општина Боговиње

На 23.12.2019 година, во присуство на градоначалникот на Општина Боговиње, беше промовиран Младинскиот Совет, кој ќе биде гласот на младите во нашата Општина за подобрување на нивната состојба или нивните разни проблеми.

Младинскиот Совет е основан од Центарот за образование и развој – CED во соработка со Општина Боговиње и Младинскиот образовен форум (Скопје).

Прочистувачи на воздухот во основно училиште во Боговиње

Во основното училиште „Абдил Фрашeри“ – Боговиње, градоначалникот на Општина Боговиње подели прочистувачи на воздухот.

Општината планира да продолжи со заложбата да ги подобри условите за учениците со цел да го заштити нивното здравје и со тоа да продолжи и со други активности за заштита на животната средина.

Општина Боговиње обезбеди возило за чистење на патиштата

Општина Боговиње го обезбеди возилото за чистење и одржување на патиштата, со што ќе се подобри квалитетот на општинските услуги што ги дава ЈКП „Шарри“, овозможувајќи поефикасно управување во тековното одржување на локалните патишта.

Инаугурација на патот Чифлик – Калник

На 19.12.2019, во присуство на градоначалникот на Општина Боговиње, беше инаугуриран патот Чифлик – Калник. Овој пат е долг 497 метри и широк 5 метри, ќе ги поврзе двете населени места и ќе овозможи поефикасен сообраќај за граѓаните.

Изградбата на овој пат е еден од клучните проекти за изградба на патната инфраструктура на општинско ниво и има вкупна вредност од 3.039.258,00 денари.

Општината продолжува да ги подобрува условите во училишните простории

Општина Боговиње продолжува да ја подобрува училишната инфраструктура и да ги подобрува условите на учениците.

Денес, во основното училиште „Абдил Фрашери“ – Раковец започна проектот за замена на сите прозорци и врати, проект вреден 1.800.000 денари.

Проектот „Позеленување на нашата Oпштина”

На 07.12.2019, Општина Боговиње започна со реализација на проектот „Позеленување на нашата Oпштина“, кој има за цел да засади украсни дрвја и проширување на зелени места.

Засадувањето на дрвјата ќе се одвива по регионалниот пат Пирок – Калник (патот 402).