Градоначалникот на Општина Боговиње, г. Албон Џемаили имаше состанок со експерти од Швајцарскиот Секретаријат за економски прашања“SECO” и со претставници на Центарот за развој на Полошкиот регион.
На состанокот се разговараше за почетокот на спроведувањето на итни мерки за рехабилитација на депонијата “Русино”. Исто така, оваа средба е насочена кон започнување на првите работи како дел од капитална инвестиција за решавање на проблемот со урбаниот отпад за целиот Полошки регион.