Заврши изградбата на патот во населеното место Синичане од страна на општината

Заврши изградбата на патот во село Синичане (улицата на Фазли). Општина Боговиње им се заблагодарува на граѓаните на ова населено место за подршката и соработката, надевајќи се дека ова соработка со граѓаните ќе продолжи и во следните проекти.

Завршија изградбите на двете паралелни патишта во Камењане

Општина Боговиње во соработка со граѓаните на населеното место Камењане дојде до завршувањето на изградбата на паралелните патишта т.н. “ Oџа Сеад Ајрули “ со површина 1200 метри квадратни.

Продолжуваме со изградбите во следните проекти за подобрување на нивото на инфраструктурата во територија на Oпштина Боговиње.

 

Г. Албон Џемаили имаше состанок со експерти од Швајцарсиот Секретаријат за економски прашања “SECO” и со претставници на Центарот за развој на Полошкиот регион

Градоначалникот на Општина Боговиње, г. Албон Џемаили имаше состанок со експерти од Швајцарскиот Секретаријат за економски прашања“SECO” и со претставници на Центарот за развој на Полошкиот регион.

На состанокот се разговараше за почетокот на спроведувањето на итни мерки за рехабилитација на депонијата “Русино”. Исто така, оваа средба е насочена кон започнување на првите работи како дел од капитална инвестиција за решавање на проблемот со урбаниот отпад за целиот Полошки регион.

Наредната интервенција, санирање на протокот на водата во Долно Палчиште и Калник

Наредна интервенција од страна на општината е санирање на протокот на водата во патот 402 на границата меѓу двете населени места, Долно Палчиште и Калник, што долго време преставуваше пречка за движење во сообраќајот.

 

Општина Боговиње продолжува со подобрувањето на инфраструктурата

Општина Боговиње продолжува со подобрувањето на инфраструктурата, овозможејќи полесно движење на граѓаните.

Се реализираше поплочување со бегатонски плочки во Патот на Долината (500м2) во село Боговиње, кое ги поврзува и двете најглавни делови на патот.

Пред

Потоа

Проектот “Да учиме за филмот” се реализираше и во училиштата во село Пирок и Камењане

Проектот “Да учиме за филмот”се реализираше во училиштата на село Пирок и Камењане, каде присутни беа и директорите на училиштата како и некои наставници.

Проектот “Да учиме за филмот”се реализира од страна на ХКЗ “Вистина”- Боговиње, поддржан од Министерството за Култура. Им се заблагодаруваме на Министерството за Култура за подршката, универзитетскиот професор Сенад Абдули, актерот Елмир Сејфулаи и Хамиде Сејфулаи за нивната посветеност како и училишните директори без кои немаше да се реализира овој проект.

Проектот “Да учиме за филмот”

Во о.у. “Абдул Фрашери”- Боговиње и во о.у. “Лириа”- Жеровјане се реализираше проектот “Да учиме за филмот” реализиран од ХКЗ “Вистина”- Боговиње и финансиски поддржан од Министерството за Култура.

Им се заблагодаруваме на актерите проф. Сенат Абдули и Елмир Сејфулаи, кои беа предавачи во овој проект. Во наредните денови, проектот ќе се спроведува и во други училишта.

Благодарение до граѓаните кои учествуваа на гласањето на денот на референдумот

Почитувани граѓани на Општина Боговиње,

Во мое лично име ви ја искажувам искрената благодарност и благодарноста до сите граѓани кои учествуваа на гласањето на вчерашниот ден на референдумот. Со излагање на 43.77% на гласачи докажавме дека сме најуспешна општина, надевајќи се и верувајќи за подобра иднина за сите нас.

Со почит,

Албон Џемаили

Започна изградбата на патот во село Камењане

Општина Боговиње во соработка со жителите на село Камењане почна со регулирање на патот т.н. “Оџа Сеад Ајрули” (1200 м2). Општината ќе продолжи да инвестира во изградба на патната инфраструктура и во другите населени места и да реализира проекти со кои ќе го олеснат животот на жителите.

Отварање на патот во село Чифлик

Општина Боговиње денеска започна со отварање на патот во село Чифлик, кое ќе овозможи поврзување со селото Чифлик. Ова ќе биде интервенција на првата фаза, а потоа ќе се направат предвидувања за другите фази со цел да се зголемат условите за живеење во оваа населено место.

Со оваа интервенција се реализира раното барање на оваа населено место кое беше ветувано од страна на градоначалникот Албон Џемаили.