Известување од Младинскиот Совет

Локалниот Младински Совет во Општина Боговиње, во соработка со Општина Боговиње во чест на 9 Мај,  Денот на Европа, ве покануваме на следната панел дискусија “Нашата дестинација – Европска Унија“, во нашиот деловен простор (во близина на Месна Заедница) во село Горно Палчиште.

Панелисти:
  • Г. Бесник Емшиу – градоначалник на Општина Боговиње
  • Проф. Др Абдула Азизи – декан на Факултетот за Современи Општествени Науки – УЈИЕ
  • Проф. Др Исмет Јонузи КРОСИ – Историчар
  • Г. Фатон Есати – Претседател на Здружението VEPRA
Поканата е отворена за сите,
ДОБРЕДОЈДОВТЕ!

Известување

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани,

Би сакале да ве известиме дека на 28 јануари 2022 (петок) во 12 часот ќе се одржи онлајн истражување со компании, во врска со парафискалните давачки кои се плаќаат кон општините и кон централната власт.

За време на истражувањето ќе дискутираме за вашите минати искуства и перцепции поврзани со парафискалните давачки и што вас би ви помогнало, односно што треба да се промени со овие давачки за да се подигне вашата конкурентност.

Учеството во оваа фокус група е целосно анонимно, она што ќе го искажете ќе биде само за целите на истражувањето, а ние ќе ги дадеме како препораки до Општините со цел да се направат конкретни промени.

Истражувањето го спроведува Мрежата ФИСКАСТ, претставувана од институтот Finance Think од Скопје, АГОРА, Квантум Прима, и ЛАГ Агро Лидер, и е дел од проектот „Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки” поддржан од Европската Унија.

На истражувањето може да се приклучите преку следниов zoom линк: https://us02web.zoom.us/j/82970363643

 

Оглас

Оглас

Проект финансиран од ЕУ

Во рамките на ИПА програмата Прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија EuropeAid/ 170339DD/ACT/MK, Општина Врапчиште во партнерство со Oпштина Боговиње, како и со партнери од Р. Албанија Општина Церик и Здружението Каритас, за поуспешна реализација на проектот “Прекугранична противпожарна заштитa – Fireshield“, Општина Боговиње ги поканува сите квалификувани лица кои се заинтересирани да бидат вклучени во активностите на гореспоменатиот проект да достават потребни документи согласно со постапката за избор на проектен Координатор.

ToR Project Coordinator Bogovinje