Согласно Законот за младинско учество и младински политики, Општина Боговиње објавува Јавен повик за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар во општина Боговиње.
Јавниот повик трае до 19.10.2023 дена сметано од денот на објавувањето.
За повеке информации пишете на меил: info@komunabogovine.gov.mk
Документи кои мора да ги пополнат организациите што ќе аплицираат:
Дополнителни информации за Агенцијата за млади и спорт:
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани,
Би сакале да ве известиме дека на 28 јануари 2022 (петок) во 12 часот ќе се одржи онлајн истражување со компании, во врска со парафискалните давачки кои се плаќаат кон општините и кон централната власт.
За време на истражувањето ќе дискутираме за вашите минати искуства и перцепции поврзани со парафискалните давачки и што вас би ви помогнало, односно што треба да се промени со овие давачки за да се подигне вашата конкурентност.
Учеството во оваа фокус група е целосно анонимно, она што ќе го искажете ќе биде само за целите на истражувањето, а ние ќе ги дадеме како препораки до Општините со цел да се направат конкретни промени.
Истражувањето го спроведува Мрежата ФИСКАСТ, претставувана од институтот Finance Think од Скопје, АГОРА, Квантум Прима, и ЛАГ Агро Лидер, и е дел од проектот „Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки” поддржан од Европската Унија.
На истражувањето може да се приклучите преку следниов zoom линк: https://us02web.zoom.us/j/82970363643