На 28.04.2023 година, градоначалникот на општина Боговина присуствуваше на настанот организиран во хотел „НБ“ по повод потпишувањето на Договорот со градоначалниците на Полог за формирање на Одделението за стопанисување со води и ризици од поплави во планскиот регион на Полог.
Дополнително, на овој настан беа отворени различни дискусии во однос на следните чекори во реализацијата на активностите за Заедничката единица во рамки на проектот “Подобрување на отпорноста од поплави во Полошкиот регион“ финансиран од Амбасадата на Швајцарија, а имплементиран од УНДП.