Заврши проектот “Да научиме за филмот”

На 16 октомври, проектот “Да научиме за филмот” се реализираше во училиштата на село Палчиште и Ново Село, каде присутни беа и директорите на училиштата и некои наставници. Во овие две училишта заврши реализацијата на овој проект.Овој проект се реализираше во училиштата на Oпштина Боговиње како: Пирок, Боговиње, Жеровјане, Камењане, Палчиште и Ново Село.

Проектот се реализираше од страна на ХКЗ “Вистина”- Боговиње, подржана од Министерството за Култура. Посебна благодарност до министерот за Култура, г. Асаф Адеми, кој што ни го овозможи реализирањето на овој проект, исто така благодарност до универзитетскиот професор Сенад Абдули и актерот Елмир Сејфулаи за нивната посветеност и училишните директориуми без кои овој проект немаше да се реализира.

Продолжуваме со наредните проекти!