Градоначалникот на Oпштина Боговиње реализираше состанок со невладината организација Младиинфо, со седиште во Скопје и Мултикултура, со седиште во Тетово. Во состанокот се зборуваше за формирање на Youthbanks или Банки за млади во Општина Боговиње, целта на кои што беше младите што повеќе да се вклучат во општинските проекти, давање на идеи како и составување на проекти кои што ќе помогнат во решавање на локалните проблеми.
Градоначалникот на Општина Боговиње вети дека за наредната година сега веќе се планирани некои финансиски средства за развој на овој проект и за формирање на Банки за млади.