Градоначалникот на Општина Боговиње, г. Албон Џемаили имаше состанок за работа со директорката на проектот на USAID за развој на бизнис екосистемот, г-ѓа. Мирјана Македонска и директорот на Стопанската комора на северозападната Македонија, г. Дрилон Исени. Целта на овој проект беше запознавањето во врска со конкретните активности на проектот кои што ќе следат за имплементација.

Проектот ќе работи со бизнис здруженија, стопански комори, финанциските институции, центри за обука, фирми кои што бараат да ги развојат нивните синџири на вредности и други организации кои што обезбедуваат услуги за работа за мали и средни претпријатија (МСП). Исто така ќе работат со финансиските институции за да овозможат зголемување на финансирањето на мали и средни претпријатија. Проектот ќе се обиде да ги подобри услугите на бизнисот во располагање на МСП, како и можностите на финансирање.

Првата активност што ќе се реализира ќе биде B2B состаноци (директен состанок компанија со компанија) на МСП од Македонија, Косово и Албанија со цел да се воспоставуваат контакти меѓу компаниите кои што ќе реализираат нивни наредни соработки во активностите во кои што тие работаат.