Градоначалникот на општината, г. Албон Џемаили учествуваше во промоција на локални и регионални грантови, кои што ќе се реализираат во рамките на проектот ” Унапредување на општинско управување” кои ќе се имплементираат од страна на УНДП и ќе се финансираат од Делегацијата на Европската Унија.
Во рамките на овој проект Oпштина Боговиње првин ќе подготвува интегриран план за вклучување, а потоа ќе се направи и реализацијата на еден проект кој што е предвиден во планот, тој што ќе биде најпотребен (приоритет).