Градоначалникот на Општина Боговиње, г. Албон Џемаили денес го одржа свеченото отворање на училишната спортска сала во Камењане, каде што беше поканет и министерот за Образование и Наука, г. Арбер Адеми.
Општина Боговиње постојано се обидува да создаде подобри услови за учениците со цел да го зголеми квалитетот на образованието и мотивацијата на наставниците. Со изградба на спортската сала, студентите ќе имаат можност да ги практикуваат своите омилени спортови во добри услови. Оваа година се доделени средства за набавка на техничка опрема, кои се потребни за олеснување и подобрување на образовниот процес. Исто така, покрај салата во Камењане, се предвидува изградба на спортски сали во Боговиње, Пирок и Палчиште.
На крајот, градоначалникот му се заблагодари на министерот г. Арбер Адеми и сите кои придонесоа за реализација на овој проект.