Општина Боговиње е една од руралните општини во Република Северна Македонија која аплицираше во Министерството за Финансии за фотоволтаичниот систем, проект финансиран од Европската унија.
Преку овој проект, општината освои можност да го инсталира фотоволтаичниот систем во три објекти: спортската сала во населбата Камењане, општинскиот објект во Боговиње и општинскиот објект во Камењане. Овој систем ќе ја преполови цената за електричната енергија од гореспоменатите објекти.
Општина Боговиње е максимално ангажирана со енергетската ефикасност и гарантира дека овој проект ќе продолжи да се спроведува во други јавни објекти кои припаѓаат на општината.