Градоначалникот на Општина Боговиње, г. Албон Џемаили денес се сретна со претставници на УНДП и со претставникот на швајцарската амбасада во врска со проектот за отпорна мрежа во Полошкиот регион. Овој проект е финансиски поддржан од швајцарската амбасада и ги опфаќа сите општини на Полог.

На средбата беа разгледани точки кои ја загрозуваат територијата на Општина Боговиње, како што се: поплавите, реката на Боговиње, Камењане, Палчиште, лизгање на земјиштето и другите проблеми што се случуваат од елементарните појави.

По состанокот, тие ги посетија најзагрозените места во реката на Боговиње, во населбата Боговиње што води кон локалниот пат до Новосело и во населбата околу основното училиште во населеното место Пирок.