На 17.03.2023 година, во ресторанот “Флоар“ во присуство на околу 80 граѓани, Oпштина Боговиње успешно ја одржа сесијата на вториот Форум во заедницата, форуми кои се организираат во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2 “, финансиран од Швајцарската Амбасада и Министерството за локална самоуправа и кофинансиран од УНДП и има за цел да ги вклучи граѓаните во процесот на одлучување на општинско ниво.

Во втората сесија на Форумот, модераторот ги презентираше критериумите за избор на проектот, а потоа граѓаните презентираа предлози – концепти, кои ќе бидат решенија за многуте проблеми со кои се соочуваат како граѓани. Овие предлози – концепти произлегоа од предлозите на граѓаните на првата седница и се од областа на општинската инфраструктура. Во тек, предлог – концептите ќе се обработуваат во форма на предлог – проекти, а најприоритетните ќе се финансираат од проектот и со кофинансирање од општината.

Градоначалникот на Општина Боговиње, Бесник Емшиу, им се заблагодари на сите за учеството и придонесот.

@EmbassyofSwitzerlandinNorthMacedonia @Министерствозалокалнасамоуправа @UNDPMK