Денес, Општина Боговиње ги доби резултатите објавени од УСАИД за финансирање на дванаесетте училишта во Северна Македонија, односно нивно реновирање.
Во овој повик, општината аплицираше за поставување на системот за централно греење на основното училиште “Сабедин Бајрами” во населбата Горно Седларце. Од резултатите објавени од страна на УСАИД, проектот за инсталација на централно греење во ова училиште е одобрен и е еден од дванаесетте училишта, чие реновирање ќе биде финансирано од овој проект.