На 28.04.2023 година, во ресторан “Флоар“ во присуство на граѓани, Општина Боговиње успешно ја одржа сесијата на третиот Форум во заедницата, форуми кои се организираат во рамки на проектот “Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, финансиран од Швајцарската Амбасада и Министерството за локална самоуправа и кофинансиран од УНДП и има за цел да ги вклучи граѓаните во процесот на одлучување на општинско ниво.
Во третата сесија на Форумот, модераторот ги презентираше правилата и критериумите за избор на проект кој ќе се финансира во рамките на форумот во заедницата. Потоа беа презентирани три предлог – проектите кои произлегоа од предлозите на граѓаните на првата сесија и се од областа на општинската инфраструктура. Предлог – проектите кои беа презентирани на оваа сесија беа: “Регулирање на коритото во н.м Пирок“, “Изградба на тротоар во н.м Пирок“ и “Изградба на пат што го поврзува н.м Раковец со Боговиње“.
Градоначалникот на Општина Боговиње, Бесник Емшиу, им се заблагодари на сите за учеството и придонесот.
#ЗајакнувањеНаОпштинскитеСовети #ГраѓанитеНаПрвoМесто #CHinMK #SDGs