На  05.05.2023 година, во ресторан “Флоар“ во присуство на граѓани, Oпштина Боговиње успешно ја одржа сесијата на четвртиот Форум во заедницата, форуми кои се организираат во рамки на проектот “Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, финансиран од Швајцарската Амбасада и Министерството за локална самоуправа и кофинансиран од УНДП и има за цел да ги вклучи граѓаните во процесот на одлучување на општинско ниво.

На сесијата на четвртиот Форум, модераторот повторно ги презентираше правилата и критериумите за избор на проектот што ќе се финансира во рамките на форумот во заедницата, како и  се анализираше кои од граѓаните имаат право на глас врз основа на нивното учество. Тогаш граѓаните изгласаа три предлози – проекти: “Регулирање на речното корито во н.м. Пирок“, “Изградба на тротоар во н.м. Пирок“ и “Изградба на пат што го поврзува н.м. Раковец со н.м. Боговиње“. Од овие три проекти, граѓаните на Општина Боговина најмногу гласаа за “Регулација на речното корито во н.м. Пирок“.

Градоначалникот на Општина Боговиње, Бесник Емшиу им се заблагодари на сите за нивното значајно учество за успешното спроведување на форумите како и за придонесот даден при предлозите на бројни проекти, кои се многу неопходни да се реализираат во Општина Боговина. Сето ова ќе и служи на Општината во планирањето на активностите и развојот на идните проекти.

#ЗајакнувањеНаОпштинскитеСовети#ГраѓанитеНаПрвоМесто#CHinMK#SDGs