Градоначалникот на Општина Боговиње денес имаше состанок со кандидатите кои беа избрани во Програмата „Општинско корисна работа“, проектот „Заедно можеме“.
Вработените во овој проект ќе обезбедат три вида услуги: медицински услуги за жителите на планинските села, грижа за стари лица и помош за деца со посебни потреби во текот на образовниот процес.