Градоначалникот на Општина Боговиње, Албон Џемаили имаше средба со граѓаните, при што тој го претстави едногодишниот работен извештај уште од почетокот на неговиот мандат. Од овој извештај, граѓаните се информираа со сите подобрувања на патната инфраструктура, интервенции во училишни објекти и игралишта во населените места, отворање на патишта, хоризонталната сигнализација на патишта и поставување на знаци на влезот и излезот на секое населено место и, исто така, граѓаните беа информирани за отплата на голем дел од општинските долгови од претходните години.
Предлог-буџетот 2019 година беше воведен од страна Бесир Мифтари, прецизна презентација за очекувањата на Општина Боговиње од овој предлог буџетот, кој вклучува некои од најважните точки: отплата на краткорочниот долг, подобрување на условите на административни објекти, помош на претпријатието “Шарри” за финансиска стабилност, регулација на системи за вода за пиење, изградба на патишта Чифлик – Калник, реконструкција на локални патишта и  подготовка на техничка документација.
Како резултат на тоа, граѓаните поднесоа некои претпоставки во однос на буџетот за 2019 година, кои градоначалникот ги прифати и рече дека ќе ги реализира во првата прилика која ќе и биде дадена а исто така им се заблагодаруваше на сите учесници за нивното присуство.