На 25 јули 2019 година, градоначалникот на Општина Боговиње беше присутен при официјалното потпишување на договорот со Министерството за финансии, финансиран од Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП).
Целта на овој проект е подобрување на животните услови за сите граѓани на Oпштина Боговиње, односно подобрување на квалитетот и навременоста на општинските услуги обезбедени од страна на ЈКП “Шарри”, ефикасно одржување на системите за водоснабдување, континуирано одржување на патишта, чистење на речни корита и атмосферски канали и одржување на јавна комунална чистота.