На 03.09.2018, во населеното место Ново Село, градоначалникот на општината г. Албон Џемаили ги посети учениците и родителите на оваа населено место, кои што беа излезени на протести поради недостатокот на објектот на основното училиште, кое што беше уништено од пожарот минатата година. Присутен беше и Министерот за Образование и Наука, г. Арбер Адеми кој што пред граѓаните тврдеше дека надлежен орган за изградбата на основниот училишен објект е Министреството за Образование и Наука и прифати дека сите барани документи од страна на општината се предадени. Тој тврдеше дека изградбата на објектот ќе започне наскоро, но не прецизираше точно кога ќе биде тоа.

Потенцираме дека Општина Боговиње ќе продолжи со грижата за одржување на постоечките простории за учење до реализацијата на изградбата на основното училиште во Ново село.

Центар за информација.