Во Општина Боговиње, во населеното место Камењане, денеска се одржа свеченото отворање на општинската градинка “Јета“, каде што присиствуваа министерката за труд и социјална политика, г-ѓа. Јована Тренчевска, министерот за животна средина и просторно планирање, г. Насер Нуредини, специјалист за образование, г-ѓа. Бојана Нацева, државен секретар, г. Ресми Ејупи и директорката на градинката, г-ѓа Афердита Имери.
За мене како градоначалник беше од големо значење што денеска заедно со голем број пријатели и соработници, го одржавме свеченото отворање на општинската градинка во Камењане. Многу сум благодарен за поддршката што ја дава Министерството за труд и социјална политика, како и Светска банка.
Полека, но со сигурни чекори, ние како раководство на општината со овие проекти докажуваме дека сме на услуга на граѓаните, го слушаме нивниот глас и реализираме проекти како овој, кои имаат за цел социјална инклузивност.