Министерот за Локална Самоуправа, Сухејл Фазлиу денеска го пречека во неговиот кабинет градоначалникот на Oпштина Боговиње, г. Албон Џемаили со кој што зборуваа за тековните активности во ова општина, развојните планови, решавање на инфраструктурните проблеми и можностите за користење на државните фондови посветени на општините и фондовите од Европската Унија.
Министерот Фазлиу ја изрази својата подготвеност да ги поддржи иницијативите на Oпштина Боговиње, истекнувајќи од една страна ограничените можности на Министерството за Локална Самоуправа и од друга страна многуте можности што ги нудат државниот буџет и фондовите на ЕУ.
За време на состанокот, градоначалникот г. Џемаили му се заблагодаруваше на министерот Фазлиу за можноста на финансирањето на проектите на Oпштина Боговиње. Проектите кои што ќе се финансираат од планските региони се: набавка на машини за одржување на јавната чистота, како и проектите за изградба и подобрување на фекална канализација во Полошкиот регион.
Исто така, како проект финансиран од Европската Унија, кој што се имплементира од Министерството за Локална Самоуправа и УНДП е набавка на контејнери за отпадоци за подобрување на управувањето со комуналниот отпад, кои што ќе и обезбедат на општината подобрување на хигиената и животната средината.
Министерот Фазлиу ги повикуваше да се користи можноста да се аплицира со проектите кај повикот кој што е актуелно отворен со програмата за прекугранична соработка, помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово, како и други можности ќе имаат и со повикот кој што ќе биде во наредните месеци помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија.
На крајот на состанокот, министерот Фазлиу рече дека Министерството за Локална Самоуправа е отворена за соработка со сите капацитети со кои што располага за плодна соработка во интерес на граѓаните.