Проектот “Oпштина Боговиње Слави”

Почитувани граѓани на општина Боговиње, ова година беше прва година во која општина Боговиње со поддршка на градоначлникот, г. Албон Џемаили, почна со проектот “Oпштина Боговиње Слави”, кој е наменет за сите граѓани на општина Боговиње, додека временскиот период во кое се развиваат настаните се совпаѓа и со доаѓањето на нашите печалбари. Со музика, спорт, филм и визуелниот арт, сме се обиделе овие летни денови да ги направиме поинтересни за сите.

Почнавме со организирање на заедничкото гледање на Светското Првенство во фудбал “Русија 2018”, каде на две вечери ги гледавме полуфиналето и финалето. Во првиот полуфинален меч на 10 јули (Франција против Белгија) имавме чест меѓу нас да биде и добро познатиот фудбалер од Боговиње, Блерим Џемаили, кому во име на Општина Боговиње и градоначалникот Албон Џемаили му се додели благодарница за посебниот придонес во афирмација на албанскиот спорт во светот. Во меѓувреме, на 11 јули, го следевме вториот полуфинален меч помеѓу Хрватска и Англија. Финалето помеѓу Франција и Хрватска беше проследено на 15 јули во салата на општинскиот совет во населеното место Боговиње.

Продолживме со изложба на слики од сликари кои учествуваа во Уметничката Колонија во организација на Уметничката Галерија – Тетово, на која присуствуваа сликари од Украина, Турција, Нови Пазар, Албанија и локални сликари. На 19 јули, жителите на општина Боговиње имаа можност да ги гледаат овие дела на уметниците во паркот во центарот на населеното место Боговиње.

Кампот “Дукатот на Ново Село”, организиран од 21-22 јули од страна на друштвото на планинари “Шарските Убавини”, со поддршка на друштвото на планинари  “Очите на Шара”, а под покровителство на општина Боговиње, беше следната активност на проектот “Општина Боговиње Слави”. На овој спортски и рекреативен настан присуствуваа повеќе од 200 љубители на кампови и љубители на природата.

Концертот на современа музика одржана на 23 јули беше прва од ваков вид организирана во општина Боговиње од нејзиното основање. Во оваа забавна вечер на сцената се приклучија еминентните имиња на овој жанр на музиката, XXL Банд и Елита Зибери, ДЈ Елиот и Самба, Snow Black и познатиот модератор и актер од Тетово, Бурхан Амити со Stand Up комедија.

На 24-ти јули, ја организиравме вечерата на кратките филмови. Автори на филмови кои се исто така од општина Боговиње, како проф. Сенад Абдули и г-дин. Агим Абдула, презентираа два кратки филмови од нивниот филмски опус, го претставивме и филмот на режисерот и продуцент г-дин. Арсим Фазлиу. Проф. Сенад Абдули беше прикажан со филмовите “Прекрасно време да се умре” и “Аида”,  режисерот  г-дин. Агим Абдула беше претставен со филмовите “Разговор за живот” и “Почетокот”, додека г-дин. Арсим Фазлиу беше претставен со филмот “Гробарот”. Учеството во овој настан, исто така, сведочеше за потребата од кино во нашата општина, особено за помладите генерации кои за првпат беа запознаени со овој начин на гледање филмови.

Палчиште беше домаќин на последниот настан на проектот “Општина Боговиње Слави”, каде што на 1 август на малиот фудбалски стадион се одржа “Концерт за народна музика”, со нивно учество на почестија женскиот хор “Теута “- Тетово, одличен уметник на популарната и граѓанска песна, маестро Јетмир Реџепи, две прекрасни рапсоди и маестро на ќифтелија, г. Кадри Селмани и г. Ариф Лума, додека учениците на о.у “Дервиш Цара” рецитираа некои поезии со тематика на печалбата.

2018 година беше првата година во која општина Боговиње го организираше проектот “Општина Боговиње Слави”, под покровителство на градоначалникот на Боговиње, Албон Џемаили. Ние веруваме дека следната година ќе имаме побогата програма.

На крајот, би сакале да им се заблагодариме на сите оние кои помогнаа и поддржаа реализација на овој проект: проф. Сенад Абдули, г. Јетон Пустина, г. Јетмир Реџепи, г-ѓа. Арбенита Мета, г-ѓа Шпреса Хашими, г. Африм Зибери, г. Басит Џафери и сите уметници кои учествуваа во овој проект. Посебна благодарност до Arberia Design за прекрасната соработка. Исто така, им се заблагодаруваме на спонзорите на овој проект: здружението на печалбари – Палчиште, Еуро бетон, Фриго Техника 2000, Екофлор, Флоар, Мујо Компани, Фриго Плус, Ресторан Haybori.

Од:

Организаторот на проектот “Општина Боговиње Слави”,

г. Елмир Сејфулаи

 

Концерт во рамките на проектот “ Општина Боговиње Слави“

Во 23.07.2018, Општина Боговиње организираше културна активност во рамките на проектот “ Општина Боговиње Слави“ кој што им беше посветен на мигрантите и жителите на оваа општина. Следната активност беше концертот на модерната музика со познати уметници, како и со Stand Up комедија од познатиот актер Бурхан Амити.

Првата активност на проектот “Општина Боговиње Слави”

Вчера, во Oпштина Боговиње почна проектот посветен на емигрантите и жителите на Боговиње со наслов “ Општина Боговиње Слави”.

Првата активност на овој проект беше заедничкиот преглед на полуфиналниот натпревар на Светското првенство меѓу Франција и Белгија во населено место Боговиње, во кој што беше присутен и симболот на фудбалот Блерим Џемаили, на кој што во името на Oпштина Боговиње и Градоначалникот Албон Џемаили му беше доделено благодарница за дадениот придонес за афирмирање на спортот во светот, од страна на организаторот на проектот г.Елмир Сејфулаи.

Проектот “Општина Боговиње Слави” ќе продолжи со други вакви спортски и културни настани во летниот период, за кои што ќе бидете информирани на време.

Општински натпревари во одбојка и фудбал

Во општина Боговиње беа организирани општински натпревари во одбојка и фудбал, на кои им беше доделена благодарност за наставниците по физичко образование и за учениците.
Oдбојка:
Прво место: o.y. “Абдил Фрашери”, Боговиње.
Второ место: o.y. “Лириа”, Жеровјан.
Трето место: o.y. “Дервиш Цара”, Палчишт.
Фудбал:
Прво место: o.y. “Сабедин Бајрами”, Камјан.
Второ место: o.y. “Сами Фрашери”, Пирок.
Трето место: o.y. “Дервиш Цара”, Палчишт.

Петтата седница на советот

Денес, во просториите на општина Боговиње, во Камјан, се одржа петтата седница на советот на Општина Боговиње. Седницата ја отвори претседателот на советот, кој предложи неколку точки на дневен ред, вклучувајќи го и извештајот за првиот квартал од општинскиот буџет за 2018 година, план за проширување за општинскиот буџет, како и нацрт-мислење за екскурзии на основните училишта.

Исто така, на расправата беше присутен директорот на ОЈП “Шарpи”, во врска со точките што беа предвидени на сесијата за планот 2017 година и наставниот план за 2018 година. Оваа тема поттикна позитивна дебата за решавање на проблемите со отпадот и водата за пиeњe, каде директорот на самата компанија истакна дека проблемот со отпадот е регионален и дека се работи за долгорочен проблем на овој проблем, додека за водата за пиење има алатки кои првично ќе бидат поврзувани со села со поголеми проблеми со водата, но не значи дека и други села ќе бидат заобиколени.

Во обраќањето на советот на општина Боговиње, беа примени два барања, кои беа одобрени. Едната беше за помош на жител на селото Седларце, односно ослободување на данокот за легализација на објектот, а другиот наменет за финансиска помош за отворање на здружение во Општина Боговиње за лицата со посебни потреби.

ЕВН во Боговиње

Sot Kryetari i Komunës z.Albon Xhemaili pati rastin të takoje Drejtorin e EVN-së , ku me te cilin edhe levizën nëpër Fshatrat e Komunës së Bogovinës ,ku qytetarët patën mundësi te shpalosin kërkesat e tyre ,ankesat