Денеска почнаа работите за реализација на проектот за изградба на водоводот во село Долно Палчиште. Овој проект се очекува да биде завршен во временска рамка од 9 месеци во зависност од атмосферските услови и ќе чини 277.000,00 евра.
Благодарноста во овој случај оди до жителите на Долно Палчиште за трпението до почетокот на работите, општинската администрација како и до централната власт на чело со Министерството за транспорт и врски за сета посветеност за почеток на работите.