Во просториите на Општина Боговиње денеска градоначалникот г. Бесник Емшиу одржа работна средба со заменик. министерот за Транспорт и Врски, г. Беким Реџепи.

На средбата се разговараше за проектот за водоснабдување во Палчиште, проект кој е одобрен од Европската Инвестициска Банка преку Министерството за транспорт и врски.

Вкупната вредност на проектот за водоснабдување во Палчиште изнесува 19.002.667,00 денари.