На денешната средба на градоначалникот на Општина Боговиње, г. Аљбон Џемаили со претставниците на Стопанската Комора за Туризам на Република Северна Македонија се потпиша меморандум за соработка во областа на туризмот, за развој и зајакнување на нивните односи со цел да се постигне корисна соработка.
Овој меморандум има за цел размена на искуства за привлекување туристи, што е исто така важен фактор за економијата на земјата.