Официјална посета во Амбасадата на Република Косово

Во продолжение на средбите за претставување и запознавање со новата визија на Општина Боговиња, градоначалникот г. Фети Абази оствари официјална средба во Амбасадата на Република Косово, каде беше пречекан со топло и братско гостопримство од страна на Амбасадорот Флориан Кехаја.

Средбата се одржа во духот на соработка и меѓусебно почитување, одразувајќи ги посебните пријателски и братски врски што Амбасадорот ги има со Општина Боговињe.

За време на разговорот, градоначалникот го информираше Амбасадорот дека веќе е одобрен прекуграничниот проект со Општина Мамуша, финансиран од Европската Унија, во сферата на животната средина. Исто така, се согласија за зголемување на прекуграничната и регионалната соработка со општините во Косово.

Амбасадорот го покани градоначалникот на официјалниот прием по повод одбележувањето на Денот на независноста на Република Косово, покана која тој ја прифати со големо задоволство, истовремено изразувајќи подготвеност за поддршка на други прекугранични и регионални иницијативи.