Име на проектот: Cross-Border FIRESHIELD;

Одобрено во рамките на Прекуграничната програма Република Северна Македонија – Република Албанија според Инструментот за претпристапна помош (ИПА II);

Партнери во проектот:

Општина Врапчиште (МК),

Општина Церик (АЛ),

Општина Боговиње (МК),

ЦАРИТАС Југ (АЛ).

Вкупен буџет: 859.196,00 €

Влијание на проектот

Да придонесе за заштита на животната средина во областа на ЦБ преку надградба на јавната инфраструктура за управување со ризици.

Резултати:

– Да се воведе заедничко управување со ризикот за превенција од (диви) пожари во областа на ЦБ;

– Да се воспостави единствен меѓуопштински систем за заштита од пожари;

– Да се подигнат капацитети за одговор на природни катастрофи во областа на ЦБ;

– Да се подигне свеста за заштита на животната средина во областа на ЦБ;

Резултати од проектот

– Заеднички план за управување со ризик за заштита од шумски пожари и Стандардни оперативни процедури (СОП) се развиени и се применуваат;

– Формирано е заедничко одделение за противпожарна заштита на Општина Врапчиште и Боговиње согласно Законот за меѓуопштинска соработка;

– Изградена е нова ПОЖАРНА СТАНИЦА за новоформираното меѓуопштинско одделение за противпожарна заштита;

– За противпожарната станица Врапчиште-Боговиње се набавува специјално возило за гасење шумски пожари;

– Во меѓуопштинското одделение за противпожарна заштита се вработени, обучени и опремени 9 пожарникари;

– 23 пожарникари преку граница се со зголемени капацитети за одговор при елементарни непогоди;

– Специјална опрема за реагирање при природни катастрофи е купена за противпожарната служба во Церик;

– Воспоставен и опремен е доброволен систем за одговор при природни катастрофи од 20 лица, кој вклучува пензиониран воен персонал и локално население од руралните области во прекуграничниот регион;

– 8200 основци се со подигната свест за превенција од шумски пожари и последиците од шумските пожари по животната средина, а во 3 основни училишта се инсталирани аларми за пожар;

– Повеќе од 25.000 рурални домаќинства и повеќе од 110.000 луѓе од руралните области на прекуграничната област се со подигната свест за превенција од пожари.