Боговиње, Северна Македонија • +389 76 235 787
Република Северна Македонија

Општина Боговиње

Четвртата генерација на детската градинка „Јета“ успешно го заврши предучилишниот циклус

Честитки до четвртата генерација на детската градинка „Јета“ за успешното завршување на предучилишниот циклус! Со прекрасна програма, исполнета со емоции и насмевки, децата одбележаа еден посебен момент во своето образовно патување. Градоначалникот на Општина Боговиње на сите деца им посакува многу здравје, радост и успех во следните чекори од нивното школување. Нека ова биде само […]

Две противпожарни возила во Општина Боговиње

Значајна донација за Општина Боговиње: Пристигнаа две противпожарни возила. Во соработка со покраината Тирол од Австрија и доброволните противпожарни единици од Тирол, денес примивме две возила за гаснење пожари, кои ќе бидат ставени во служба на нашата противпожарна единица. Оваа донација пристигнува во многу значаен период, непосредно пред почетокот на сезоната на пожари, и значително […]

Советот на Општина Боговиње ги усвои препораките од Климатското собрание

Денес направивме значаен чекор во зајакнувањето на локалната демократија и граѓанското учество во Општина Боговиње. Препораките изготвени од Климатското собрание, како резултат на сеопфатен процес на консултации и дискусии меѓу граѓаните, беа презентирани пред Советот на Општина Боговиње и беа усвоени со мнозинство гласови. Оваа одлука претставува конкретен доказ дека соработката меѓу граѓаните и институциите […]

Посета на неколку локални компании

Денес, градоначалникот на Општината заедно со министерот за економија, г. Бесар Дурмиши, посетија неколку локални компании од Општина Боговиње кои имаат добиено грантови од Министерството за економија. Општина Боговиње има извонредни капацитети и многу успешни компании кои заслужуваат континуирана поддршка за развој и унапредување. Приватниот сектор останува главен двигател на економскиот развој и клучен фактор […]

Официјална церемонија за доделување на средства од Програмата за прекугранична соработка

Денес во Приштина, градоначалникот на Општината учествуваше на официјалната церемонија за доделување на средства од Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Косово и Република Северна Македонија. По тој повод, и официјално беше потврдено прифаќањето на грантот од Европската Унија за проектот BNS, кој ќе се имплементира меѓу Општина Боговиње и Општина Мамуша, во вредност од […]

Изградба на заштитен ѕид и одводен канал во близина на основното училиште „Сами Фрашери“ во Пирок

Општина Боговиње започна проект од посебно значење за заштита на училишниот двор и објектот од свлечишта и подземни води. Оваа инвестиција ќе ја зголеми безбедноста на учениците и ќе ја заштити училишната инфраструктура за иднината. Продолжуваме посветено за побезбедна општина и подобри услови за нашите граѓани!

Републички училишен натпревар во футсал

Денес, за прв пат, во спортската сала на училиштето во Камењане се одржаа републичките училишни натпревари во футсал. Четирите најдобри екипи на државно ниво одиграа квалитетни натпревари, покажувајќи талент, дисциплина и висок спортски дух. По тој повод, градоначалникот изрази посебна благодарност до претставниците на Федерацијата за училишни натпревари на РСМ, како и до претставниците на […]

Градоначалникот на Општината на работна средба со првиот заменик-претседател на Владата и министер за евроинтеграции г. Беким Сали

Денес, градоначалникот на Општината г. Фети Абази одржа работен состанок со првиот заменик-претседател на Владата и министер за евроинтеграции, г. Беким Сали, со кого разговараше за развојните проекти и приоритети на Општина Боговиње. На средбата беа разменети информации и разгледани можностите за финансирање на локални проекти, со цел подобрување на условите и услугите за граѓаните […]

Одбележување на Денот на Европа

Нема подобар начин да се одбележи Денот на Европа од борбата против отпадот / ѓубрето! Во продолжение на акцијата започната со почетокот на пролетта, Општината исчисти повеќе од 4 диви депонии, со ангажман на ЈКП „Шарри“, основните училишта и совесните граѓани. Вчера започна и 3-дневната дебата во соработка со Здружението „За Тетово“ и Институтот ZIPP, […]

Активноста „GENERALKA WEEKEND“

Денес, заедно со општината, ЈКП „Шарри”, учениците од училиштата и бројни активисти, ја реализиравме активноста „GENERALKA WEEKEND“, заедничка мобилизација за чистење и грижа за нашите јавни простори. Оваа активност е повеќе од акција за чистење; таа е силна порака за важноста од зачувување на животната средина и одговорноста што сите ја имаме кон местото каде […]