Денес, градоначалникот на Општината г. Фети Абази одржа работен состанок со првиот заменик-претседател на Владата и министер за евроинтеграции, г. Беким Сали, со кого разговараше за развојните проекти и приоритети на Општина Боговиње.
На средбата беа разменети информации и разгледани можностите за финансирање на локални проекти, со цел подобрување на условите и услугите за граѓаните на Општината.
Градоначалникот му се заблагодари на г. Беким Сали за континуираната поддршка и подготвеноста да ја поддржи Општина Боговиње во реализацијата на проектите.