Денес, за прв пат, во спортската сала на училиштето во Камењане се одржаа републичките училишни натпревари во футсал. Четирите најдобри екипи на државно ниво одиграа квалитетни натпревари, покажувајќи талент, дисциплина и висок спортски дух.
По тој повод, градоначалникот изрази посебна благодарност до претставниците на Федерацијата за училишни натпревари на РСМ, како и до претставниците на Федерацијата на Република Косово, кои со своето присуство го оддадоа значењето на оваа важна организација.
Градоначалникот им честиташе на победничките екипи и на сите учесници за ангажманот и постигнатиот успех.
Општина Боговиње ќе продолжи да го поддржува училишниот спорт и да инвестира во развојот на младите, бидејќи спортот е најдобриот пат кон образование, здравје и успех на идните генерации.