Денес во Приштина, градоначалникот на Општината учествуваше на официјалната церемонија за доделување на средства од Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Косово и Република Северна Македонија.
По тој повод, и официјално беше потврдено прифаќањето на грантот од Европската Унија за проектот BNS, кој ќе се имплементира меѓу Општина Боговиње и Општина Мамуша, во вредност од над 800 илјади евра.
Преку овој проект ќе се интервенира кај најголемите загадувачи во општината со поставување на локални филтер станици, со што директно ќе се придонесе за заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на живот.
Како општина остануваме посветени на привлекување што повеќе инвестиции и фондови од надвор, во служба на нашите граѓани и почиста животна средина.