Известување

Општина Боговиње ги известува граѓаните и сите заинтересирани страни дека организира јавен увид и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за Урбанистичкиот план за село Синичане, со опфат на Блок 06, КО Синичане и КО Синичане – надвор од градежниот реон, Општина Боговиње. Нацрт Извештајот ќе биде изложен […]
Две вредни донации за Општина Боговиње

Денес Општина Боговиње прими две значајни донации кои ќе бидат во служба на граѓаните и нашите институции. Градоначалникот Фети Абази се заблагодари на Мисијата на ОБСЕ, особено на претставниците Шерил Лајон и Шкeлќим Зилбеари, пријатели на нашата општина, за донацијата на опрема за канцелариите на противпожарната единица и Младинскиот совет. Исто така, градоначалникот изрази благодарност […]
Проект ReDAN – Ревитализација на деградираните подрачја за луѓето и природата

Општина Боговиње е партнер во меѓународниот проект ReDAN (Re-naturalisation of Degraded Areas through Nature-based Solutions), кој се спроведува во рамките на програмата URBACT Transfer Network во периодот од 1 ноември 2025 до 30 април 2028 година. Проектот има за цел пренос и адаптација на успешен европски модел за ренатурализација на деградирани урбани и периурбани подрачја […]
Чистење на каналите за наводнување

Веќе неколку дена, во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Управата за водостопанство, започна акција за чистење и ставање во функција на каналите за наводнување во Општина Боговиње. Во овој период, кога потребата од вода е поголема од кога било, наша обврска е да создадеме што подобри услови за земјоделците да имаат […]
Изградба на патот Раковец – Боговиње

Денес се прави важен чекор кон исполнување на едно долгогодишно барање на жителите на Раковец. Со започнувањето на градежните работи за изградба на патот Раковец – Боговиње, се воспоставува побрза, побезбедна и пофункционална врска меѓу ова планинско село и центарот на општината. Овој проект не само што ќе го олесни движењето на граѓаните, туку директно […]
Општина Боговиње ги исплати јубилејните награди за наставниците по долгогодишно занемарување

Со задоволство ве информираме дека Општина Боговиње ја реализираше исплатата на јубилејните награди за наставниците и вработените во образованието кои ги исполниле законските услови за нивно остварување. По долгогодишно занемарување и нереализирање од страна на претходните администрации, градоначалникот г. Фети Абази воспоставува правда и го почитува драгоцениот придонес на нашите просветни работници. Сите исплати ќе […]
Асфалтирање на спортското игралиште во Камењане

Успешно беше реализиран проектот за асфалтирање на спортското игралиште во близина на училиштето во Камењане, инвестиција која ќе создаде подобри услови за развој на спортски и рекреативни активности, како и за одржување на настани што ја обединуваат нашата заедница. Ова игралиште е местото каде што со години се организира традиционалниот турнир, активност која собира љубители […]
Отворена дискусија во рамки на проектот „Поттикнување промени преку значајни гласови“

На 12.06.2026 година, во салата на Советот на Општина Боговиње се одржа отворена дискусија на тема „Зајакнување на жените во политиката и процесите на донесување одлуки“, во рамки на проектот „Поттикнување промени преку значајни гласови“, поддржан од Амбасадата на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија и реализиран од Институтот за лидерство и јавни политики […]
За прв пат Општина Боговиње ги награди најдобрите и најуспешни ученици

Денес, на свеченост организирана од Општина Боговиње, градоначалникот имаше чест и задоволство да додели признанија, награди и подароци на најистакнатите ученици од нашата општина, кои со своите успеси се истакнаа на општински, државни, регионални и меѓународни натпревари. Во присуство на директорите на училиштата, наставниците, родителите и други гости, беа доделени награди и признанија за учениците […]
Средба на градоначалникот со директорите на Националните Паркови

Денес градоначалникот на Општина Боговиње оствари средба со директорот на Националниот парк „Шар Планина“, Евзал Елмази, заедно со неговиот колега од Република Косово, директорот на Националниот парк, Наил Криезиу. Средбата беше исклучително конструктивна и плодна, при што се разговараше за низа заеднички проекти насочени кон развој на планинскиот туризам и промоција на природните вредности на […]