Општина Боговиње ги известува граѓаните и сите заинтересирани страни дека организира јавен увид и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за Урбанистичкиот план за село Синичане, со опфат на Блок 06, КО Синичане и КО Синичане – надвор од градежниот реон, Општина Боговиње.
Нацрт Извештајот ќе биде изложен на јавен увид во просториите на Општина Боговиње, секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот, во периодот од 07.07.2026 до 07.08.2026 година.
Јавната расправа ќе се одржи на 20 јули 2026 година, во просториите на Општина Боговиње, со почеток во 12:00 часот.
Сите заинтересирани физички и правни лица, како и пошироката јавност, имаат можност да достават свои мислења, забелешки и предлози во текот на периодот на јавниот увид. Коментарите може да се достават лично во Општина Боговиње, по електронска пошта на s.loki93@gmail.com или по пошта на адреса ул. „Скендербег“ бр. 101, 1220 Боговиње.
Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани активно да учествуваат во јавната расправа и со своите мислења и предлози да придонесат кон квалитетно урбанистичко планирање и заштита на животната средина.