Денес Општина Боговиње прими две значајни донации кои ќе бидат во служба на граѓаните и нашите институции.
Градоначалникот Фети Абази се заблагодари на Мисијата на ОБСЕ, особено на претставниците Шерил Лајон и Шкeлќим Зилбеари, пријатели на нашата општина, за донацијата на опрема за канцелариите на противпожарната единица и Младинскиот совет.
Исто така, градоначалникот изрази благодарност до Бајрам Џемаили, бизнисмен од Швајцарија, како и до Фатмир Рушани и заменик-министерот за одбрана Адмир Шабани, за донацијата на работна облека за вработените во ЈКП „Шари“.