Со задоволство ве информираме дека Општина Боговиње ја реализираше исплатата на јубилејните награди за наставниците и вработените во образованието кои ги исполниле законските услови за нивно остварување.
По долгогодишно занемарување и нереализирање од страна на претходните администрации, градоначалникот г. Фети Абази воспоставува правда и го почитува драгоцениот придонес на нашите просветни работници. Сите исплати ќе бидат завршени во текот на оваа недела.
Нашите наставници се столбот на општеството и заслужуваат почит, признание и поддршка. Ова е институционална обврска, но и знак на благодарност за нивната работа и посветеност низ годините.