Денес, со завршувањето на натпреварите по математика, успешно заврши циклусот на општински натпревари по природни науки. По тој повод, градоначалникот додели сертификати и награди за учениците и наставниците кои се истакнаа со својата посветеност и постигнати резултати.
Овие натпревари не само што го поттикнуваат натпреварувачкиот дух, туку и ги мотивираат талентираните ученици дополнително да ги унапредуваат своите знаења во одредени области.
Посебна благодарност до сите ученици и наставници за нивниот ангажман, труд и постигнат успех. Вие сте гордост на нашата општина!