Општина Боговиње продолжува со активностите за унапредување на инфраструктурата и подобрување на условите за живот на граѓаните.
Во рамки на официјалната посета на нашата општина, заедно со копретседателите на ВЛЕН, Изет Меџити и Билал Касами, претседателот на Собранието, Африм Гаши, како и министрите и замениците-министри, беа пуштени во употреба две нови улици во населените места Пирок и Калник. Во рамки на посетата беа разгледани и неколку инфраструктурни проекти кои се во фаза на реализација, а беа посетени и дел од успешните компании кои функционираат на територијата на Општина Боговиње. Градоначалникот на Општина Боговиње изрази благодарност за посетата и укажаната поддршка, истакнувајќи ја важноста на институционалната соработка во насока на развој на општината и реализација на проекти од интерес на граѓаните. Општина Боговиње продолжува посветено да работи на реализација на нови проекти и одржлив развој на сите населени места.
Боговиње продолжува напред, со конкретни проекти и работа во служба на граѓаните!
