Денес, во рамки на општинската образовна програма, успешно беа организирани натпреварите по биологија, каде што нашите ученици покажаа посветеност, знаење и страст кон науката. Беа доделени награди за првите места, како и сертификати за сите учесници.
Инвестирањето во природните науки е инвестиција во посветла и поодржлива иднина за нашата заедница.
Во име на општината, градоначалникот изрази искрена благодарност до наставниот кадар и учениците за нивниот ангажман, учество и придонес во успешната реализација на оваа значајна активност.