Денес, градоначалникот г. Фети Абази ја пречека во посета заменик-министерката за спорт, г-ѓа Сафије Садики Шаини, во Општина Боговиње. Првично се одржа официјална средба, по што следуваше теренска посета за одблизу да се разгледаат локациите каде што општината планира да инвестира во развојот на спортот, со поддршка од Министерството за спорт.
Изразуваме посебна благодарност до г-ѓа Садики Шаини за подготвеноста, посветеноста и одвоеното време за унапредување на спортот во нашата општина, како и за волјата да нè поддржи во реализацијата на нашите проекти.
Искрена благодарност и до пратеничката од ова подрачје, г-ѓа Имерлије Салиу, за континуираната поддршка и ангажман.