Општина Боговиње започна со работи за подобрување на условите во ООУ „Абдил Фрашери“ во Боговиње. Во рамките на оваа инвестиција се реализираат бојадисување на внатрешните простории, реновирање на санитарните јазли, поправка на вратите и радијаторите, како и опремување на наставниот кадар со нови плакари.
Денес беше извршен увид во текот на градежните работи, кои ќе придонесат за создавање подобри услови за учениците и наставниот кадар.
Општина Боговиње продолжува да инвестира во пофункционални училишта и поквалитетна средина за образование.