Боговиње, Северна Македонија • +389 76 235 787
Република Северна Македонија

Општина Боговиње

Новости

Почистување на дивата депонија

Почистување на дивата депонија

Денес, Општина Боговиње реализираше значајна акција за чистење на дивата депонија на двете страни од долниот тек на реката Боговиње. Во текот на повеќе години, оваа површина беше загадена од неконтролирано фрлање на различни материјали, што негативно влијаеше врз животната средина и квалитетот на нашиот живот.

Од денес, секое фрлање отпад во овие простори СТРОГО СЕ ЗАБРАНУВА, а за оние кои нема да ја почитуваат оваа забрана ќе се преземат конкретни мерки.

Апелираме до сите граѓани да покажат одговорност и да придонесат во зачувувањето на нашата животна средина. Чистата средина е заедничка обврска – да ја заштитиме денес за подобра иднина за сите!

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Новости
ReDAN Младински урбан хакатон