Денес, градоначалникот на Општина Боговиње, заедно со заменик-министерката за транспорт, Калтрина Зеколи, и министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамет Хоџа, извршија увид во работите на неколку од најзначајните проекти што се реализираат во општината.
Беше извршен увид во работите на патот кон Прековце во Боговиње, заштитниот ѕид во близина на основното училиште во Пирок, локалниот пат што ги поврзува Синичане и Горно Синичане, како и проектот за уредување на коритото на реката Круша во Палчиште.
Со задоволство беше констатирано дека работите се одвиваат според предвидената динамика и со високи стандарди за квалитет. Наскоро овие, како и други проекти што се реализираат во соработка со овие две министерства, успешно ќе бидат завршени и ставени во служба на граѓаните.
Градоначалникот изрази благодарност до министерот Мухамет Хоџа и заменик-министерката Калтрина Зеколи за нивната континуирана поддршка, одличната соработка и посветеноста кон развојните проекти во Општина Боговиње.
Заедно продолжуваат работите за општина со модерна инфраструктура и подобри услови за живот на сите граѓани.