Градоначалникот на Општина Боговиње, заедно со директорот на Бирото за регионален развој, Шабан Алајбегу, остварија средба во врска со проектот за изградба на локалниот пат во село Камењане, кофинансиран од Бирото за регионален развој и Општина Боговиње.
Во рамките на овој проект е изграден локален пат со должина од 508 метри и ширина од 4,5 метри, со што значително се подобри инфраструктурата и сообраќајната поврзаност за жителите на ова подрачје.
За време на посетата беше констатирано дека проектот е успешно реализиран, согласно предвидената динамика и во согласност со сите стандарди за квалитет во градежништвото.
Градоначалникот му се заблагодари на Бирото за регионален развој за успешната соработка и континуираната поддршка. Заеднички се реализираат конкретни проекти кои го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните и придонесуваат за развојот на Општина Боговиње.