Фестивалот „Татковината нѐ Обединува“ донесе посебна атмосфера, обединувајќи ги граѓаните, уметниците и гостите во ден исполнет со традиција, култура, уметност и незаборавни емоции.
Преку песна, ора, уметнички настапи и големата посетеност, фестивалот означи успешен почеток, промовирајќи ги културните вредности и зајакнувајќи ги врските меѓу нашите сограѓани и иселеници.
Галеријата погоре прикажува дел од најубавите моменти од овој настан, кои ќе останат дел од нашите спомени и од историјата на првото издание на фестивалот.
Им благодариме на сите учесници, уметници, организатори, соработници и посетители кои придонесоа за успешната реализација на овој посебен настан.